петок, 24 април 2026

Адеми по шокантниот финиш на мечот меѓу Динамо и Валур: Јас сум виновен, ја преземам одговорноста

Објавено на

часот

Сподели

Синоќешниот меч меѓу Динамо Загреб и Валур од квалификациите за ЛШ заврши со победа од 3-2 за хрватскиот тим. 

Адеми даде два гола, стрелаше прецизно во 8. и 72. минута, но при водство од 3-0 во 82. минута нашиот фудбалер промаши пенал, по што во 88. и 89. минута Валур постигна два гола и наместо 4-0, мечот заврши 3-2.

„Одигравме добри 80 минути, а потоа промашивме пенал, поточно јас промашив пенал, и затоа ја преземам одговорноста за резултатот. Жал ми е, виновен сум, можевме да победиме 4-0 но ги вративме во игра. Се надевам дека на реваншот ќе одиграме како во првите 80 минути“, вели Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ