По поразот од Барселона во финалето на Копа дел Реј, се чини само прашање на време е кога Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид.
И покрај тоа што се шпекулираше дека стратегот ќе замине веднаш во случај на негативен исход во Севиља, се чини дека тој ќе остане на кормилото до крајот на сезоната во Ла Лига и покрај тоа што Бразил силно притиска да го ангажира што поскоро.
Како што пренесува Релево, Флорентино Перез со господски потег ќе се погрижи Карло Анчелоти да биде испратен на голема врата.
Идејата е да има церемонија по натпреварот против Реал Сосиедад во последното коло, стратегот ќе позира со сите трофеи кои ги има освоено.
Исто така, Флорентино Перез и Реал Мадрид ќе му ја исплатат последната година од договорот на Карло Анчелоти (околу 11 милиони евра), а Италијанецот откако ќе се пензионира, ќе стане доживотен амбасадор на клубот.