вторник, 20 мај 2025
„Орлите“ ќе се надеваат на трета среќа

Езе со гол за најавните шпици го однесе Кристал Палас на еден натпревар до историја (ВИДЕО)

Кристал Палас со 3-0 славеше против Астон Вила, Еберечи Езе со гол за најавните шпици ги предводеше „орлите“ до финале во ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Кристал Палас ќе се надева на трета среќа и испишување историја, „орлите“ вечерва со 3-0 славеа против Астон Вила и обезбедија финале во ФА Купот.

Успехот на момците на Гласнер беше најавен по половина час игра кога Еберечи Езе од врвот на шеснасетникот постигна гол за најавните шпици и донесе водство од 1-0.

Во продолжението од мечот, Сар зголеми на 2-0, а истиот играч во финишот од натпреварот ги постави конечните 3-0.

Во своето трето финале во ФА Купот, Кристал Палас ќе се сретне со подобриот од Нотингем Форест и Манчестер Сити и ќе цели на првиот трофеј во клупската историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ