четврток, 14 мај 2026

Еден месец суспензија за Влатко Костов, Брегалница без тренер во завршницата

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги соопшти одлуките за изминатиот викенд, а најмногу работа имаше на дербито од Втората лига меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново.

Објавено на

часот

Сподели

Жешко беше на дуелот во Штип, инцидентите кои се случуваа за време на натпреварот донесоа и најголеми казни за актерите во овој дуел.

Најлошо помина тренерот на Брегалница, Влатко Костов кој доби суспензија од еден месец, што значи дека нема да биде на клупата на последните натпревари од оваа сезона.

„Дино Михолов и Лука Бојаџиев, фудбалери на ФК Брегалница 2008, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, додека Влатко Костов, шеф на стручен штаб на ФК Брегалница 2008, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Арсим Љамалари и Иљаз Чилафи, фудбалери на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, а Махир Ајрули со забрана на настап на пет натпревари. Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Против ФК Брегалница 2008 е поведена постапка поради слаба организација на натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ против ФК Шкендија Арачиново 77. Дисциплинска постапка е поведена и против ФК Шкендија Арачиново 77 поради користење пиротехнички средства и влегување член на управа на теренот за игра на натпреварот против ФК Брегалница 2008“, се вели во соопштението на дисциплинската комисија за мечот меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново.

Другите одлуки на комисијата се следните:

„Роналдо Вебстер, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана на настап на три натпревари;
Илија Апостоловски, фудбалер на ГФК Вардар Неготино, се казнува со забрана на настап на три натпревари;

Дамјан Серафимов, фудбалер на ГФК Охрид и Егзон Белица, фудбалер на ФК Работнички, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар. Шабан Сулиман, тренер на ФК Работнички, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Дисциплинската комисија покрена постапка против ФК Вардар поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло против ФК Силекс. Поведена е дисциплинска постапка и против ФК Шкендија поради недолично скандирање на навивачката група на натпреварот од 31. коло против ФК Струга Трим Лум“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ