недела, 7 јуни 2026

„МТБ Маврово“: 45 километри велосипедска тура од Леуново до Галичник и назад

Четвртото издание на велосипедската тура „МТБ Маврово 2026“ денеска успешно заврши. Љубителите на планинскиот велосипедизам, рекреацијата и природата 45-километарската трка ја почнаа во селото Леуново, до Галичник и назад, висинска разлика од 820 метри – поминувајќи низ едни од најубавите природни пејсажи во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Велосипедската трка „МТБ Маврово“ во огранизација на ГВ МТБ клуб досега се одржа во 2023, 2024 и 2025 година и прерасна во една од најголемите велосипедски манифестации во Македонија.
Големата посетеност и позитивната атмосфера уште еднаш потврдија дека МТБ Маврово е препознатлив и значаен настан на македонската велосипедска сцена. Од година во година бројот на учесници расте, а со тоа се зголемува и интересот за планинскиот велосипедизам, рекреацијата во природа и промоцијата на активниот туризам.

Настанот помина во одлична организација, со почитување на безбедносните стандарди и со значајна поддршка од институциите, спонзорите, партнерите и волонтерите кои дадоа свој придонес за успешна реализација на турата.
ГВ МТБ Клуб упатува искрена благодарност до сите учесници кои со своето присуство, позитивна енергија и спортски дух придонесоа четвртото издание на МТБ Маврово да биде уште едно незаборавно искуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ