понеделник, 12 мај 2025

„Долго време немам видено играч како Ламин Јамал, тој е феномен кој се раѓа еднаш на 50 години“

Ламин Јамал уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет со својата партија против Интер во полуфиналето во Лигата на шампиони, Симоне Инзаги вели дека феномен како младото момче на Барса се раѓа еднаш во 50 години.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона и Интер синоќа одиграа луд натпревар со шест погодоци, а по крајот на мечот, многу работи беа кажани за младиот Ламин Јамал.

Напаѓачот, кој има само 17 години, ги врати „каталонците“ во живот откако Интер на големо изненадување поведе со 0-2.

Ламин Јамал, особено во првото полувреме, правеше дар-мар во одбраната на „нероаѕурите“ и ги излудуваше противниците со своите дриблинзи, постигна еден гол, а во два наврати ја стресе и рамката од голот.

„Со години не сум видел играч како Ламин Јамал“ – рече тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

„Ни создаде огромни проблеми, моравме да го маркираме со двајца играчи, а кога и тоа не успеваше, мораше да помага и трет играч“.

„Слободно можам да кажам дека Јамал е феномен кој се раѓа еднаш во 50 години. Денеска за прв пат го гледав во живо и можам да ви кажам дека навистина ме импресионираше“.

Натпреварот против Интер за младиот Ламин Јамал беше 100-ти во дресот на Барселона, и ако се направи споредба со Лео Меси и Кристијано Роналдо на негови години, бројките се застрашувачки.

Лео Меси со 17 години имал само 9 натпревари, 1 погодок и ниту една асистенција. Кристијано Роналдо со 17 години имал 19 натпревари, 5 голови и 4 асистенции.

Ламин Јамал со 17 години стигна до бројки од 100 натпревари, 22 голови и 33 асистенции.

Легендарниот Тјери Анри, кој го работеше натпреварот како стручен коментатор, реши да ја искористи оваа прилика за да побара дрес од младото момче.

„Ќе дојдам во Барселона да го гледам „Ел Класико“, па дали може да ми дадеш твој дрес за син ми?“ – праша Французинот.

„Важи, ама ти ќе ми дадеш твој“ – одговори Ламин Јамал и предизвика возбуда во студиото.

„Претпоставувам дека сакаш мој дрес од Барселона? – продолжи Анри, а младиот напаѓач му врати, „Од Барселона, од Арсенал, било кој“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ