Динамо Букурешт беше огромен фаворит во овој дуел, а дека е значително подобар од струмичани покажа и на терен иако македонскиот тим храбро се бореше.
Во првиот сет одбојкарите на Струмица освоија 18 поени, во вториот дојдоа до 20, а во третиот до 19.
Ова за подмладениот состав на македонскиот тим е значително искуство кое ќе биде комплетирано со одигрување на реваншот.
Реваншот меѓу Динамо Букурешт и Струмица се игра на 28 октомври од 18 часот.






