четврток, 22 мај 2025
Бразилецот е новата мета на Арапите

Дали лесно се одбиваат 200 милиони? Рафиња си ја отвори душата за понудата од Саудиска Арабија

Капитенот на Барселона, Рафиња во пресрет на финалето во Копа дел Реј против Реал Мадрид, си ја отвори душата за понудата од Саудиска Арабија, вели дека секој добро ќе се подзамисли кога ќе види 200 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона и Реал Мадрид вечерва ќе се борат за трофејот во Купот на Шпанија, а бразилскиот канал ТНТ Спортс ја искористи оваа прилика да седне на разговор со Рафиња.

Капитенот на „каталонците“ говореше на многу теми, а доби и прашање за понудата од Саудиска Арабија и сториите кои велеа дека напаѓачот добил предлог тежок 200 милиони евра, односно четиригодишна соработка со плата од 50 милиони евра по сезона.

„Вчера ме информираа за понудата од Саудиска Арабија, и искрено, бев многу изненаден бидејќи сумите беа луди. Да добиев ваква понуда минатото лето, сигурно ќе заминев. Тогаш се чувствував изгубено и ментално истрошено, а тоа се пари кои сигурно ќе го променат мојот живот и животот на моето семејство“ – вели Рафиња.

„Секој што ќе ви каже дека нема добро да размисли, едноставно ве лаже. Ваква сума на пари целосно ќе ви го промени животот па невозможно е да не размислите“.

Бразилецот потоа додаде: „Но сега не мислам на парите, тие ми се во втор план. Целиот фокус сега ми е на соништата“.

Рафиња има фантастична сезона во дресот на Барселона, и важи за еден од главните кандидати за престижната „Златна топка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ