Чаби Алонсо почнува нова авантура, се враќа во Премиер лигата, првпат како тренер, ќе го води Челси.
„Фудбалскиот клуб Челси со задоволство може да го соопшти назначувањето на Чаби Алонсо за нов тренер на првиот тим. Шпанецот својата улога ќе ја почне од 1 јули 2026, договорот е на четири години“, стои во соопштението на Челси.
View this post on Instagram
Алонсо вели дека е горд што ќе биде тренер на Челси и најави битка за трофеи.
„Челси е еден од најголемите клубови во светот на фудбалот и тоа прави да сум горд што станав тренер на толку голем клуб. Од мојот разговор со сопственичката група и луѓето во спортскиот сектор, ми беше јасно дека делиме иста амбиција. Сакаме да изградиме тим кој константно ќе биде конкурентен на највисоко ниво и ќе се бори за трофеи. Има голем талент во составот и огромен потенцијал во овој фудбалски клуб, ќе ми биде чест да го водам. Сега се фокусираме на напорна работа, градење на вистинска култура и освојување на трофеи“, вели Чаби Алонсо.






