понеделник, 11 мај 2026

Барбарез го објави списокот на БиХ за Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

БиХ е посебно интересна за нас затоа што на 29 мај ќе одигра пријателски натпревар со Македонија, меч кој за нив ќе биде генерална подготовка пред заминувањето на Мундијалот.

Фудбалерите кои се повикани за СП, се и оние против кои ќе играме ние.

Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ

Одбрана: Амар Дедиќ, Никола Катиќ, Стјепан Раѓелиќ, Нидал Челик, Нихад Муакиќ, Тарик Мухаремовиќ, Сеад Колашинац

Среден ред: Амир Хаџиахметовиќ, Иван Шуњиќ, Бенјамин Тахировиќ, Џенис Бурниќ, Армин Гиговиќ, Ермин Махмиќ, Иван Башиќ, Амар Мемиќ, Керим Алајбеговиќ, Есмир Бајрактаревиќ

Напад: Самед Баждар, Јово Лукиќ, Харис Табаковиќ, Ермедин Демировиќ, Един Џеко

Мундијалот во САД почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, Босна во својата група ќе игра натпревари против: Швајцарија, Канада и Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ