Бразилците одамна го посакуваа Карло Анчелоти, конечно стигнаа до неговиот потпис.
Италијанскиот стратег наскоро ќе се раздели со Реал Мадрид, тоа веројатно ќе биде по крајот на сезоната во Ла Лига.
Во меѓувреме тој постигна вербален договор со Бразил кој во наредните денови ќе биде потпишан и на хартија.
Анчелоти работата како селектор на Бразил ќе ја почне од јуни, а главен проект ќе биде Светското првенство кое ќе се одржи наредната сезона.