Меѓу седумте засилувања има еден странец и шест македонски ракометари.
Странското засилување е Урош Борзаш. Српскиот ракометар во Алкалоид доаѓа по две сезони поминати во Пелистер, па многу добро го познава македонскиот ракомет.
Значајно засилување ќе биде десното крило Ненад Костески кој му се приклучува на неговиот брат Никола кој веќе е во Алкалоид.
Репрезентативно засилување е и Михаил Аларов, пикерот кој има важна улога и во одбраната.
Михаил Иваноски се враќа во клубот, тој игра на позицијата десен бек.
Кадетскиот репрезентативен голман, Ѓорѓи Николовски доаѓа од младинската школа на Алкалоид.
Промовирани се и левото крило Давид Трајкоски и левиот бек Емилијан Ѓорговски.