Џејн Фонда, која се мажеше трипати, призна дека дури по разделбата со третиот сопруг, медиумскиот магнат Тед Тарнер, се почувствувала комплетна.
Таа изјави: „Сè ми дојде доцна – гласот, исполнетоста, интимноста. Сите тие нешта ми се случија откако наполнив 60 години. И сметам дека тоа е многу вредна лекција. Никогаш не е доцна“.
Оскаровката објасни дека иако нејзината разделба од Тарнер, кој беше 11 години постар од неа, била „многу, многу, многу болна“, таа конечно станала своја откако ѝ се видел крајот на нивната 10-годишна заедница.
Во интервјуто на новото шоу на Опра Винфри Џејн изјави: „Се сеќавам кога имав 62 и кога направив нешто многу, многу, многу болно и тешко. Го напуштив Тед Тарнер, мојот трет сопруг, кого многу го сакав“, пренесува БЕНГшоубиз.
„Тој имаше 23 огромни имоти и сопствен авион, и со него знаев дека ќе умрам мажена и богата, но не и исполнета. Се преселив во гостинската соба на мојата ќерка. Малечка соба во која живеев со мојот златен ретривер, беше совршено. Бев скршена и тажна, но во исто време чувствував како си се враќам себеси. И не бев уплашена да бидам сама. Што и да ме чекаше, ќе го направев како комплетна личност. Тоа беше историски момент за мене!“
Џејн Фонда научила интимност на 60 години

Објавено на
часот