недела, 12 мај 2024

Двајца моќни сојузници на рускиот претседател Владимир Путин тврдат дека Украина стои зад терористичкиот напад во Крокус

Јастребите на рускиот претседател Владимир Путин денес изјавија дека веруваат дека Украина е вмешана во нападот на концертната сала Крокус во близина на Москва, во кој загинаа најмалку 139 луѓе, а 180 други беа ранети, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев тврди дека Украина стои зад терористичкиот напад во концертната сала Крокус.

„Се разбира, Украина“, одговори Патрушев на новинарско прашање дали зад терористичкиот напад стои Украина или терористичката организација ИСИС, која е забранета во Руската Федерација, пренесува РИА Новости.

Украина постојано негира каква било вмешаност, а Исламската држава, милитантната група која некогаш бараше контрола над делови од Ирак и Сирија, ја презеде одговорноста за нападот.

Александар Бортников, директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), рече дека вооружените напаѓачи сакале да стигнат до Украина каде што некои луѓе биле подготвени да ги пренесат напаѓачите преку границата.

„Генерално, веруваме дека тие се вклучени во ова“, им рече Бортников на новинарите за можната вмешаност на Украина, пренесоа руските новински агенции. ФСБ имаше информации кои укажуваат на вмешаност на Украина во нападот, рече тој.

Тој не понуди докази за своите тврдења, но го наведе наводниот обид за бегство на вооружените лица кон Украина.

Но, Бортников рече дека ФСБ допрва треба да идентификува кој конкретно го наредил нападот.

Забелешките на Патрушев и Бортников нудат увид во размислувањето на елитата на Кремљ, пишува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нападот го извршиле радикални исламисти. „Знаеме дека злосторството го извршиле радикални исламисти кои имаат идеологија против која самиот исламски свет се бори со векови“, рече Путин на состанокот на владата, спомнувајќи ја таквата врска за прв пат три дена откако Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

„Знаеме кој го изврши ова злосторство против Русија и нејзиниот народ. Она што нè интересира е кој го наредил. Важно е да се одговори на прашањето зошто терористите се обидоа да заминат во Украина по злосторството. Кој ги чекаше таму?“ додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ