сабота, 27 јули 2024

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи интервенцијата на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да ги испраќа своите војници во војна.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Украинска правда, Емануел Макрон изјавил дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но најискрено се надева дека нема да мора да се борат.

„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа мора да се вооружиме и затоа мора да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш не исклучувам интервенција во конфликтот“, изјави Макрон.

Тој нагласи дека се загрозени украинскиот суверенитет и територијален интегритет, но истовремено се загрозени и владеењето на правото и општите правила.

„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. Ние не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Затоа, во Украина е загрозена нашата иднина и нашата безбедност“, заклучи францускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ