петок, 26 јули 2024

Трамп размислува да номинира поранешен ривал за свој потпретседател

Кампањата на Трамп активно ја разгледува можноста за именување на поранешниот републикански претседателски кандидат Ники Хејли за негова потпретседателка, објави денеска новинската страница Аксиос, повикувајќи се на неидентификувани лица запознаени со ситуацијата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп би можел да ја избере Хејли доколку се покаже дека може да му помогне да ја освои претседателската функција, да избегне потенцијалнa затворска казна и да покрие десетици милиони правни сметки доколку ги загуби судските случаи, се наведува во извештајот, пренесува Ројтерс.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и поранешна амбасадорка на САД во Обединетите нации, се повлече од трката за републиканска претседателска номинација во март поради убедливото лидерство на Трамп.

Хејли изјави дека е веројатно Трамп, кој постојано ја омаловажуваше нејзината кандидатура, да биде републикански кандидат, но таа не го поддржа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ