сабота, 27 јули 2024

Дортмунд играше со втор тим и му „подари“ важна победа на Мајнц (ВИДЕО)

Мајнц со убедливи 3-0 ја совлада Борусија Дортмунд и освои исклучително значајни три бода со кои дојде на чекор до опстанок во Бундеслигата.

Објавено на

часот

Сподели

Един Терзиќ ги одмори најважните играчи на Борусија Дортмунд, со втор тим го играше денешниот меч, а тоа му ја олесни работата на Мајнц.

Домаќините имаа фуриозни 11 минути во првото полувреме во кои ги постигнаа сите три гола, од 12. до 23. минута.

Најпрво погоди Бариеро, а потоа двапати прецизно стрелаше Ли Јае Сунг за триумф од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ