сабота, 27 јули 2024

Адеми даде гол, Динамо Загреб стана шампион на Хрватска (ВИДЕО)

Динамо Загреб по 25. пат стана шампион на Хрватска, седми пат во низа се прваци, овојпат во возбудлива сезона во која за трофејот се бореа со Ријека и Хајдук.

Објавено на

часот

Сподели

Симболично, капитенот Аријан Адеми со својот прв официјален гол по кам-бекот во Динамо го реши Осијек (1-0) и математички го обезбеди првото место на две кола пред крајот. За тоа помогна и Вараждин кој претходно денес ја совлада Ријека (3-1).

Стартери за тимот од „Максимир“ беа Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а фудбалерот за врска го постигна единствениот гол на натпреварот во 73. минута. На тоа му претходеше и црвен картон за Дуарте од Осијек, со што дополнително беше олеснета задачата на Динамо.

Динамо Загреб со 78 бода веќе е недопирлив, Ријека има 71, па следи Хајдук со 61 и Осијек со 51.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ