сабота, 27 јули 2024

Изложба ,,Етно свет” на Драги Хаџи – Николов во Кавадарци

Етно свет” е насловена ликовната изложба на уметнички слики од академскиот сликар Драги Хаџи – Николов, што синоќа беше отворена во кавадаречката Музеј галерија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Музејот, Јаким Зимоски реке дека овој настан е голема чест за Кавадарци. Тој упати голема благодарност до Министерството за култура и кавадаречката локална самоуправа.

Елизабета Ристова, кустос во оваа културна институција, рече дека уметноста на авторот е олицетворение на македонската култура и културното наследство, водич низ времето и просторот.

Историчарот на уметноста, Љубен Пауновски рече дека предметите во сликите на овој уметник, изгледаат како вистинити, тој постигнал големо мајсторство во своите дела.

„Посветеност на нешто што е особеност за овој културен простор, посветеност за зачувување на културниот идентитет на една средина, начинот на живеење и односот кон животот, сето тоа е дел од неговите слики на извонреден начин“, подвлече Пауновски.

Авторот на изложбата, во своето обраќање кон присутните,  се осврна на техниката што ја користи во сликарството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ