петок, 26 јули 2024

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен.

Објавено на

часот

Сподели

Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на Уставот.

Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“.

„Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење“, соопшти организаторот.

Настанот е бесплатен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ