сабота, 27 јули 2024
Грузија

Илјадници демонстранти на улиците на Тбилиси поради контроверзниот закон

Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Тбилиси на уште еден протест поради контроверзниот закон за „странско влијание“ што владата сака да го спроведе, но е критикуван од САД и Европската Унија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува агенцијата Франс прес, демонстрантите носеа знамиња на Грузија и на Европската унија, на која Грузија сака да се приклучи, и покрај законот што критичарите на владата го гледаат како сличен на рускиот закон за „странски агенти“, дизајниран да ја задуши опозицијата.

Владејачката партија Грузиски сон на почетокот на април најави враќање во процедура на контроверзниот закон, чија прва верзија беше отфрлена по големите протести во март 2023 година. Граѓаните и критичарите на власта тогаш оценија дека новиот закон претставува „убиство на слободата“.

Поранешна советска република на Кавказ, направи прозападен пресврт пред две децении, ориентација што долго време ја поддржуваше поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој сега е во затвор.

Грузија со години има амбиција да ги продлабочи односите со Западот, но опозицијата сега ја обвинува владејачката партија дека сака, напротив, повторно да ја приближи поранешната советска република до Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ