петок, 26 јули 2024

Украинска ракета погоди ресторан во Доњецк, три лица загинаа

Три лица загинаа, осум се ранети денеска во украинскиот напад на градот Доњецк, на истокот на земјата, кој е под руска контрола.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ресторанот Рај е директно погоден“, изјави преку Телеграм Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.

Според Пушилин, ракета од американскиот ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила и други згради, друга ракета погоди недовршена зграда во близина.

Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади.

Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковскиот регион, во источна Украина, каде спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецкиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ