сабота, 27 јули 2024

Евакуација на регионот Харков по рускиот напад (ВИДЕО)

Еден ден откако Русија започна копнена офанзива, 1.775 лица беа евакуирани од областите во близина на руската граница во украинскиот регион Харков, чиј главен град со исто име е втор по големина во Украина, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот наведе дека во претходните 24 часа Русија со топови и минофрлачи нападнала 30 места во тој регион.

Поголем дел од регионот Харков главно е под контрола на украинските сили од септември 2022 година.

Украинското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека Русија започнала копнена офанзива во североисточниот украински регион Харков и се обидува да ги пробие украинските одбранбени линии, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се водат „жестоки борби“ во пограничната област.

Руските сили направија мал, но систематски напредок во таа зона во североисточна Украина од која беа потиснати пред речиси две години, на украинската армија и недостигаат војници и оружје, но Зеленски бара од неа да ги запре руските офанзивни операции и повторно да преземе иницијатива.

Украински воен извор изјави дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста за да се обидат да создадат „тампон зона“ во регионот Харков и соседниот регион Суми за да спречат напади на руска територија.

Украинските сили ги засилија нападите и на територијата на Русија и на украинските зони под контрола на Русија, особено на енергетската инфраструктура.

Денеска властите инсталирани од Москва во руската окупирана област Луганск во источна Украина објавија дека три лица загинале во украински напад врз складиште за нафта со ракети од американско производство. Гувернерот на таа област изјави дека магацинот е во пламен и дека се оштетени и околните куќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ