сабота, 27 април 2024

„Новата класа“ на БМВ ги враќа класичните „бубрези“: претставен концептот вижн ноје класе Х (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ веќе подолго време најавува голема електрична револуција. Сериските модели на новата платформа „нова класа“ (Neue Klasse) се сè поблиску до реалноста, за што сведочи новиот електричен кросовер концепт, вижн ноје класе Х.

Објавено на

часот

Сподели

Концептот е најава за сериски кросовер модел кој ќе го замени актуелниот електричен иХ3, инаку базиран на конвенционалниот Х3.

Планот е новиот модел да почне со производство во 2025 година, а БМВ тврди дека овој концепт е во значителна мера усогласен со идниот сериски модел.

Во внатрешноста доминира големиот екран на мултимедијалниот систем, а ново е тоа што автомобилот ќе има голем „хедап“ дисплеј кој ќе се протега по целата ширина на ветробранското стакло.

Однадвор автомобилот е класичен кросовер, со современ дизајн. Она што највеќе плени е најавата за враќање на значително потенките, класични „бубрези“ на БМВ на предната решетка.

Се очекува серискиот вижн ноје класе Х да го замени електричниот иХ3, додека Х3 со бензински, дизел или хибриден мотор ќе добие сопствен наследник.

Новиот концепт официјално ќе биде претставен на годишната конференција на БМВ групата на 21 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ