вторник, 18 јуни 2024

Шкода се пофали со новиот суперб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкода го претстави освежениот суперб, со поголеми димензии и нови технологии. Новиот суперб доаѓа со препознатливата осумаголна предна решетка и остри ЛЕД матрикс предни светла кои даваат повеќе светлина и вклучуваат нов елемент на дизајнот „Кристалиниум“.

Објавено на

часот

Сподели

ЛЕД матрикс предните светла се за првпат достапни на супербот. Опциските ЛЕД задни светла со анимирани трепкачи имаат функција со одложено гасење, стандардно за највисокото ниво на опременост.

Седанот со елегантна форма нуди коефициент на отпор на воздухот од цд 0,23, еден од најдобрите во тој сегмент, а карванот суперб комби е најаеродинамичниот карван на Шкода во историјата, со цд 0,25.

Во споредба со претходната генерација, коефициентот на отпор е намален за 15 отсто во двете каросериски верзии.

Што се однесува до ентериерот, тука е централниот екран со големина до 13 инчи, а рачката на менувачот е преместена на столбот на воланот.

Со капацитет на багажникот од 645 литри, големината на багажникот е зголемена за 20 литри во однос на претходната генерација. Новиот суперб комби може да собере до 690 литри.

Новата шкода суперб е достапна со шест различни мотори со сила од 150 до 265 коњски сили. Тоа се три бензински мотори, вклучувајќи го 1,5 ТСИ со благо хибридна технологија, и два дизел мотори. Суперб комби IV има плагин хибриден погон од втората генерација кој овозможува радиус до 120 километри.

Сите модели доаѓаат со ДСГ автоматски менувач, а најмоќниот дизел мотор (193 коњски сили) и најсилниот бензински мотор (265 коњски сили) се стандардно опремени со погон на сите тркала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ