сабота, 27 јули 2024

О’Брајан со нетрпение ја очекува соработката со Сиљановска Давкова

Џејмс О`Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Сиљановска- Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“, напиша О`Брајан.

Сиљановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент

Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ