„Комисијата за заштита и спречување од дискриминација веќе донесе документ и решение дека станува зборза системска дискриминација со која жените земјоделки да не можат да обезбедат пристап до еднакви права како жените работнички во другите сектори. Се надевам дека политичарите ќеимаат вистинска волсјаи, ако не овааа година, туку догодина за меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври, ќе можеме, како држава да се пофалиме дека на овие жени, вклучени во земјоделскиот сектор им се обезбедени правата за пристап до финансиска сигурност за грижаза дете, бременост и мајчинство“,вели Марина тошеска, претседателка на невладината „Лаг Агро Лидер“ од Прилеп.
Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го „лекувале“ многу но со погрешна дијагноза. Потребни се сигурни цени, пласман и заслужено место во производството на храна.
За жал, земјоделецот е тој што има најмалку корист од тоа што го произведува, а најголем, ќар имаат трговците. Од државата бараме помош да има организирано производство и да има одредени претходно одредени цени за луѓето да знаат што да произведуваат. За да не се појавува вишок на храна и да бидат задоволни и едните и другите,вели Олиманова.






