„Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на Вреди. Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека Вреди се унифицира како заеднички субјект за заедничкиот настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот на Вреди е веќе избран пратеникот Аднан Азизи“, изјави вечерва во Скопје претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими.
Одговорајќи на новинарско прашање кога Вреди ќе биде формирана како партија, Ибраими рече дека за тоа досега дискутирале неколку пати.
„Тоа е прашање што има и правни работи, има и политички, но тоа е веќе помалку важно, бидејќи е во сферата на администрацијата. Вреди веќе функционира како еден заеднички субјект“, рече Ибраими.
Прашан кој е лидерот на Вреди, тој рече дека за тоа се уште не е дискутирано.
„Тоа се уште не е дискутирано во Вреди, но во секој случај не се важни личните имиња во споредба на Вреди како политички субјект“, додаде Ибраими.