среда, 25 јуни 2025

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, а попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на температурата на воздухот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ