„Како пратеник, како градоначалник и пред сè како министер за правда, Блерим Беџети предизвика непоправливи штети врз интересите на Албанците и проевропскиот имиџ на државата.
Тој ќе остане запаметен по крајната политизација на судството, по пазарењата ‘еден обвинител не нè носи во рајот’, по навредите и омаловажувањата кон Албанците и по другите скандали низ годините.
Затоа сметаме дека ДУИ се потсмева со јавноста кога се преправа дека е загрижена за евроинтеграциите, додека го избира Блерим Беџети како лик на својата ‘европска’ агенда.
Нема да станеме дел од оваа пародија. Европската интеграција бара сериозен и искрен пристап. Владата е фокусирана на Реформската агенда, која се спроведува со голем успех и признание од Брисел“, соопшти коалицијата Вреди.






