вторник, 13 мај 2025

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат  само со претходно нејзино превривање.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување“, стои во известувањето објавено доцна попладнево.

Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.

Во понеделникот во градот, во периодот од 9 до 19 часот, имаше прекин во водоснабдувањето, поради изведување зафат врз главниот вентил во градскиот резервоар, а во исто време и негово генерално чистење. И во следните два дена имаше неколкучасовни прекини во водоснабдувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ