„Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, сè со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко. СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер. Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ. Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат преку партиско соопштение за ослободителната пресуда на струшкиот суд за градоначалникот Рамис Мерко, во предметот за набавката на луксузниот автомобил „ауди“ во вредност од 67.000 евра.

Објавено на
часот