среда, 25 јуни 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата заздравува, инфлацијата се намалува, а државата се движи напред

По долги години двоцифрена инфлација, конечно се забележува стабилизирање и постепено намалување на ценовните притисоци, додека економијата бележи континуиран раст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„По седум години економска деградација под водство на СДС, која го наруши животниот стандард на граѓаните, денес стопанството повторно застанува на здрави нозе. Во последните три квартали, државата бележи раст на БДП од 3 или над 3 проценти, стабилен и охрабрувачки тренд кој покажува вистинско економско закрепнување. Иако СДС продолжува со политички напади, бројките се недвосмислени: економскиот пустош што го оставија постепено се санира. Посветената работа на Владата, внимателно дизајнираните економски политики и конкретните мерки даваат резултати – резултати што се видливи и опипливи за сите граѓани. Континуираниот раст е цврста основа за остварување на проектираниот раст од 3,7% до крајот на годината, додека инфлацијата е на пат да се сведе на 2,2%. Тоа се индикатори за стабилност, доверба и подобра иднина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека овој економски напредок директно придонесува кон зголемување на платите и пензиите, со што се подобрува квалитетот на животот.

„Од почетокот на мандатот на оваа Влада, неколку пати беа зголемени платите во здравството, образованието, полицијата и армијата. Минималната плата се зголемува согласно закон, а пензиите се линеарно зголемени за 5.000 денари – за сите пензионери. Ова не се само бројки – ова е напредок што се чувствува. Ваквиот економски тренд е резултат на одговорна политика насочена кон државните интереси и подобрување на животниот стандард на секој граѓанин“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ