„Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на колегите од Владата, на пратеничката којашто е од тука од Виница којшто со својата секојдневна работа и залагање допринесуваат за проект повеќе за Виница, но и за околината, бидејќи тоа е многу значајно на тој начин да се развива целиот овој регион и Општина Виница“, изјави премиерот Мицкоски по пуштањето во употреба на пазарот.
Тој од Виница најави и почеток на изградбата на експресниот пат Кочани-Виница-Делчево.
„Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија на пред проектно решение практично со што отпочнуваме со реализација на овој проект, тоа е отприлика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот жолт фидик на овој проект којшто ќе биде многу значаен којшто е ветуван со години, но еве дојде редот и да се реализира“, рече Мицкоски кој уште кажа дека се собрани понуди од светски реномирани финансиски институции за финансирање на проектот на клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип.

„Следната недела имам состанок со министерката за финансии, а потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да почне да се движи, бидејќи има некои законски норми коишто мораше да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти, од почеток, но и она коешто треба да биде продолжено“, рече Мицкоки.
Вицепремиерот Николоски итакна дека отворањето на пазарот е доказ дека градоначалникот на Виница, Митко Котадинов ги реализира работите кои што ги ветил, а како што рече, со поддршката од Владата во следниот период ќе продолжи со реализација на уште поголеми работи.
„Пкрај отворањето на пазарот и реконтрукцијата на главната улица во село Градец во тек е реконструкција на општински локален плат од Блатец до Детлово , завршена е рекоснтрукцијата на улица Ванчо Прке во Виница, на кровот на админситративната зграда на општината, завршено е осветлувањето на просторот на градскиот парк и пред стадионот“, рече Николоски.






