среда, 9 јули 2025

Уште еден пожар денеска во Кочани, изгоре куќа и 15 хектари нискостеблеста шума

Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајановo трло во Кочани, изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.

Објавено на

часот

Сподели

Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.

На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот се ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и локалното население.

„И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста ‘Диви градби’, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарот во населбата Трајаново трло избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ