понеделник, 7 јули 2025

Трибина на СДСМ во Крушево: Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за државата во наредните 10 години

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава на залoжник на туѓи интереси, потенцираше претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на слободата“, во Крушево. Тој предупреди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

Објавено на

часот

Сподели

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси коишто ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потсети дека Мицкоски со новите задолжувања направи вистинско предваство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче посочи дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање пред крушевчани ги откри мотивите и потребите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски да се спои со ВМРО-ДПМНЕ како негов коалиционен партнер. Неговата потреба од ВМРО-ДПМНЕ е една, Мицковски да ја „исече“ раката на правдата.

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Венко Филипче оценувајќи ги меѓупартиските релации во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против ‘бугарски диктат’, а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

Градот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево од Социјалдемократскиот сојуз.

„Со особена чест и голема одговорност денеска ви се обраќам од името на граѓаните на Крушево – градот на храброста, историјата и надежта. Градот симбол на слободата и непокорот.  Денес сме тука, не само да зборуваме за политиката, туку да зборуваме за прогресот, визија и иднината што сите заедно ја градиме под знамето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ отсекогаш бил гласот на народот, заедништвото, двигател на реформи и симбол на напредокот. Денес не сме тука заедно без разлика на верска или било каква друга поделеност, само за да одбележиме уште еден момент во политичкиот календар, туку сме тука за да потврдиме дека веруваме во иднина – иднина на развој, правда, еднаквост, слобода и просперитет. Иднина која ја градиме заедно, со дело и посветеност, чекор по чекор, за секоја улица, за секое населено место, за својот град, за својата општина. Тука сме да го потврдиме нашето заедничко уверување – дека Македонија може повеќе, а Крушево уште повеќе. Дека со планско работење, труд и единство – и највисоките цели се достижни“, истакна Хрискоски.

Градоначалникот нагласи дека Крушево отсекогаш било симбол на борба и достоинство.

„Токму тоа ни дава сила да продолжиме со конкретни чекори кои го подобруваат животот на секој наш сограѓанин. Во времиња на неизвесност, ние нудевме стабилност. Во времиња на неправда, ние се боревме за правда. Во времиња на поделби, ние градевме мостови на соработка и хармонија по примерот на Крушевскиот манифест, со една цел, за едно поинакво, поубаво и заедничко Крушево во кое сите придонесуваме“, вели Христоски.

Меѓу другото, Христоски нагласи дека Крушево од 55 општини кои аплицираа на европски проекти беше избрана во 2021 година како општина за пример во имплементација на проекти.

„Крушево отсекогаш било симбол на борба, на слобода, на визија. Од Илинден до денешнината, ние сме генерации кои не се откажуваат. Денес, пред вас стои локална самоуправа која е целосно посветена на транспарентност, економски развој, истакна Христоски. Крушево ќе победи“, нагласи Христоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ