„Посредувањето требало да биде пред Апелацискиот и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто Основниот кривичен суд Скопје донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од 1 – една година за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик“, велат од Кривичниот суд.
На судскиот полицаец определен му е притвор од 30 дена уште на 9 април за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и докази во текот на постапката. За доставувачот кој помагал во цела операција, иако Обвинителството барало затворски притвор, судот му одредил куќен притвор.
„Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело. При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд. И покрај тоа што двајцата осомничени се вработени во овој суд, Основниот кривичен суд Скопје одлучуваше по предлозите поднесени против двајцата осомничени, бидејќи кривичното дело е од лепезата на кривични дела кои се судат во одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен“, велат од Судот.






