четврток, 14 мај 2026

Судот го врати на работа анестезиологот од тетовската болница кој снимаше пациентки

Валтон Дервиши, анестезиологот кој снимаше пациентки во тетовската болница и ги објавуваше на социјалната мрежа Тик-ток, по судската одлука наскоро ќе може да се врати на работа. Судовите го поништија решението за негово отстранување од работа и отворија пат за негово враќање во институцијата. Дервиши пред три години беше приведен и осуден за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија.

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше осуден на 15 месеци затвор, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа на 7 години. Подоцна затворската казна беше преиначена на три месеци затвор, а судовите констатирале и дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата како што одлучи претходно.

На првото судење Дервиши призна вина за кривичните дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“. Подоцна во судовите во Тетово и во Гостивар дел од делата беа преквалификувани, а со тоа се избегнаа законските пречки за повторно вработување и враќање на лиценцата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ