„Имено оваа година наместо во јуни свидетелства ќе се делат до почетокот на идната учебна година. Како ја почна учебната година, Царовска така и ја заврши, со тотален дебакл.
Да биде скандалот поголем дел од училиштата им наплаќале да учениците за свидетелства, што е спротивно на законот кој предвидува бесплатно основно и средно образование и покажува дека некој прави бизнис на сета мака на учениците и родителите кои ја видоа оваа година со неспособната власт на Заев и катастрофалната Царовска.
Нема свидетелства, нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема ништо за граѓаните. Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии. Тоа мора да престане, мора да победи концептот Македонија за сите луѓе, а ликовите како Заев и Царовска да понесат одговорност за своите политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






