вторник, 19 мај 2026

СДСМ: Токму ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција

Објавено на

часот

Сподели

„Историскиот грабеж на режимот на Никола Груевски граѓаните многу добро го знаат затоа што многу скапо ги чинеше. Дополнително, тоа го потврдуваат бројните судски предмети кои во моментов се водат против поранешни високи функционери на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и за сегашни актуелни пратеници од оваа криминална партија.

Дали е тоа предметот за Игор Јанушев за штета врз буџетот од 5 милиони евра, дали е тоа предметот за Антонио Милошоски, или предметите за осудениот криминалец Никола Груевски, дали се тоа предметите за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска…. Сѐ е тоа дел од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. 

Затоа Мицкоски и самиот се декларираше дека е на ‘браникот на криминалот‘, кога се обидуваше да го спаси криминалот на режимот од одговорност, но не успеа.

Дури и самиот бел дворец од којшто Николоски секојдневно шири невистини е дел од судска постапка во случајот Талир“, пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата прашуваат колку треба човек да биде без чувство за срам, да зборува за корупција и уназадување на слободи, а тој самиот е синоним за корупција, аѓутант на бегалецот од Будимпешта, слуга на режимот.

„Александар Николоски, со висока партиска и државна позиција во времето на Никола Груевски, функционер во време на историската кражба на народот, најмалку може да зборува на тема корупција, криминал и слободи“, додаваат од партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ