
„Денес, на пунктот за вакцинација во Тетово, граѓаните се соочуваат со хаотична ситуација, метеж, долги редови на чекање и нервоза. Секој што отиде да се вакцинира против ковид-19 денес имаше ризик од инфекција и долго чекање на високи температури“, пишува во реакцијата од коалицијата.
Оттаму ги прашуваат надлежните како се случило на граѓаните да им се закажуваат термини за вакцинација, за деновите кога знаеле дека нема вакцина, за на крајот да ги повикаат граѓани во рок од една недела, на истиот ден.
„Знаеме дека Општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи ќе се обидат да избегаат од одговорноста, префрлајќи ја одговорноста врз здравствениот систем. Но, сите сме сведоци на тоа како самата Арифи беше таа што од првиот ден, на секои два дена одеше да се фотографира и да ги добие предвреме заслугите за процес кој сè уште не започнал добро“, се додава во соопштението.






