Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени , а наместа ќе достигне до 40 степени.