недела, 10 мај 2026

Денеска Задушница, посебен сообраќаен режим кон гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР дополнуваат дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци, до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова“ и излегување на улица „Александар рдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ