„Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на Христијан Мицкоски, кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс, за да се спаси самиот.
Обвинителството и Мицкоски мора да одговорат зошто досега не е покрената истрага против актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, во моментот кога се случил пожарот?!
Марија Цветковска Маневска е личен избор на Панче Тошковски за началник на ОВР Кочани уште во техничката влада, што значи дека таа е на функција повеќе од една година пред да се случи трагичниот пожар во Пулс!
Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?!
Како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со кој самата раководи?“, праша Кузеска.
Од СДСМ прашуваат дали началничката на ОВР Кочани е заштитена само затоа што е членка на ВМРО-ДПМНЕ и има фотографии со поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точно дека одговорниот за реонот во Кочани, во кој се наоѓа дискотеката Пулс, неколку месеци пред пожарот испратил службена белешка до своите надредени, меѓу кои и Марија Цветковска Маневска дека дискотеката работи спротивно на законите?
Ако Маневска добила ваква службена белешка зошто не постапила и не ја затворила дискотеката пред да се случи трагедијата?!
Дали е точно дека додека горела дискотеката одредени полициски службеници не биле на висина на задачата, меѓу кои и началничката Марија Цветковска Маневска?
Дали Христијан Мицкоски лично ги штити овие луѓе од страв дека доколку станат дел од истрагата и против нив се покрене обвинение, истрагата ќе доведе лично до него и до неговите најблиски соработници?
Дали Мицкоски ги штити овие луѓе за да не се распадне неговата параполициска и мафијашка структура во рамки на МВР?
Обвинителството мора да одговори зошто нема обвинение против овие луѓе?
Дали се мета на уцени или можеби станува збор за тргувања со влијание?“, се низата прашања што од СДСМ ги упатуваат до јавноста и до премиерот Мицкоски, порачувајќи дека „ништо нема да ја сопре вистината за трагедијата во Кочани!“
„Кочани ја заслужува вистината, Македонија заслужува правда за сите невини детски животи згаснати поради институционална корупција!“, порачуваат од опозициската партија.