петок, 22 мај 2026

Управен суд: По жалбата на АА и Алтернатива, во Дебар ќе се прегласува на едно избирачко место

Објавено на

часот

Сподели

„Приговорот на коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик, се уважува. Се поништуваат резулатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место бр.0543 на локалните избори“, стои во соопштението од Управниот суд.

Како што информираат оттаму, оспореното решение на ДИК се поништува и се одлучува да се уважи приговорот на коалиција АА/Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик.

Одлуката се однесува на жалбата на АА и Алтернатива која бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО.

Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ