„Го контактирав сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Драги Рашковски и побарав лицето кое го снимало да дојде во ОЈО, како би се извршило форензичко вештачење на телефонот, изјави Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција. но, никоја ниту се јавил, ниту се појавил. Тоа го направив затоа што Судот нема да ни поверува само на збор и пишување во портал дека Рашковски е забележан после времето, што е одобрено за излез од домашниот притвор,”, вели Вилма Русковска.
Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, информираа вчера од МВР. Тој вчера бил фотографиран на улица во скопската населба Аеродром.
За полицијата нема ништо спорно затоа што му било дозволено да оди на лекар со решение од судот.






