петок, 22 мај 2026

Обвинители истражуваат можен поткуп во Шуто Оризари и можно кривично дело сторено од портал

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се информира дека обвинителот издал наредба до БЈБ ОКП –  Сектор за економски криминал и корупција, како подносител на известувањето, со насоки за обезбедување материјални докази – да се изврши криминалистичко – техничка обработка на телефони и да се обезбедат како доказ пораки од меѓусебна комуникација, да се обезбеди листинг за конкретни телефонски броеви преку телефонските оператори, да се утврди точен идентитет на вклучените лица и да се изврши разговор со нив по однос на релевантни околности.

Предистражната постапка трае до обезбедување на доказите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, се вели во соопштението.

Во информацијата за медиумите се вели и дека Основното јавно обвинителство Кочани постапува по повеќе пријави од две политички партии дека различни лица вршат притисоци, влијание и агитирање врз гласачи како да се изјаснат. За сите поднесени пријави оформени се предмети и дадени се наредби и насоки до ОВР Кочани за проверка на наводите.

Доколку бидат обезбедени докази за кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, пишува во соопштението.

„Кочанското обвинителство, постапувајќи по кривична пријава, ги проверува и наводите дека една новинарска екипа од интернет портал извршила кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик“, информира Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ