петок, 22 мај 2026

Јавни обвинители со дежурства подготвени да реагираат за кривични дела поврзани со изборите

Објавено на

часот

Сподели

Денеска се воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства и тие се во процес на меѓусебно координирано известување, соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство. Комисијата, велат, ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите.

Јавните обвинители, се посочува, постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање.

„Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување“, стои во соопштението.

Јавното обвинителство  потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ