петок, 5 декември 2025

Поплави во Ресенско

По обилните врнежи на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени. Поплавени се повеќе од 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.

Објавено на

часот

Сподели

Поплави има и кај селото Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 центиметри.

На терен се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини, пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.

Од ЈП „Македонија пат“ велат дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ