„За дипломатите додека не ги побара некоја земја, како и за секој граѓанин, важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР, работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома3, рече Заев.
Тој рече дека не сака да навлегува во деталите на причината зошто е побарана меѓународна потерница и зошто се бара екстрадиција, зашто, како што нагласи, тоа ќе кажат соодветните органи.
„Но, дефинитивно знам дека е логично тие што работат во МНР коишто имаат свои кариери и се долги години таму, поминуваат на мисии низ нашите амбасади како дипломатски советници или слично. Не ги знам навистина деталите и би сакал да ги дознаам, односно ќе се распрашам детално за наодите коишто преку МВР би ги добил. Знам дека 2018 година како што прочитав се случиле овие детали“, рече Заев.
Премиерот кажа дека ќе се постапи согласно меѓународните документи, но оти исто така ќе се дознаат и сите правни акти како да се заштитат нашите граѓани.
„Нормално е дека како земја која што е со развиена демократија, која што ги почитува меѓународните узанси, договори, клаузули, ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин, ќе сакаме да дополнително ги дознаеме сите правни акти кои се, затоа што пред се должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право“, рече Заев на промоцијата на поштенската марка по повод 30 години од неависноста.






